X
 27.02.2020 Образование

Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО го промовира Законот за практикантство и мерките за вработување

Во рамките на редовните активности што ги презема Центарот за кариера, алумни и доживотно учење (КРЕДО центар) при Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, а во насока на поблиско запознавање на студентите со тековите во општеството, во изминатиот период беа организирани два настана наменети за промоција на Законот за практикантство и мерките за вработување.

1

Ваквите активности беа во коорганизација со Општина Битола, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Младинскиот културен центар од Битола и Универзитетскиот студентски сојуз.

Настаните се одржаа на 24.2.2020 г. за студентите од Правниот факултет - Кичево, дисперзирани студии во Битола, и на 26.2.2020 г. за студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии - Битола.

2

Покрај претставниците од Центарот за кариера, алумни и доживотно учење (КРЕДО центар) при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, своја презентација имаа и директорот на Младинскиот културен центар од Битола, Златко Талевски, кој детално го образложи и објасни Законот за практиканство, како и можностите и обврските на компаниите и студентите, и директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Јешим Сејфуловска, која ги презентира можностите и начините како може нашите студенти да ги искористат програмите што како мерки за вработување ги нуди агенцијата.

3

Ценејќи според отворената дискусија, настанот предизвика голем интерес кај студентите, што како повод нè обврза да се организираат и други вакви настани и на другите единици на Универзитетот.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование