Истражување докажува дека гледањето повеќе од четири часа ТВ-содржини на ден е штетно за здравјето и ги зголемува шансите за згрутчување на крвта, што може да доведе до сериозни здравствени проблеми или дури и смрт.
Состојбата позната како тромбоемболизам е предизвикана од згрутчување на крвта во вените, а најчеста форма е длабока венска тромбоза, која предизвикува оток и болка, иако многумина не ги ни чувствуваат симптомите.
Овие блокади може да ги оштетат вените, особено ако не се лекуваат навреме, а тоа може да доведе до компликации како што се хронична болка, оток и чиреви. Ако се разделат и се затнат, артериите во белите дробови може да предизвикаат компликации опасни за живот.
Ризик-факторите се возраста, оштетување на вените и срцеви заболувања.
Но, предолгото останување на едно место го зголемува ризикот и е вообичаено кај пациентите што се врзани за кревет поради тешка болест.
35 отсто поголеми шанси за развој на тромбоза
Во текот на истражувањето беа анализирани околу 130.000 учесници постари од 40 години на кои не им била дијагностицирана тромбоза на почетокот на истражувањето. Нивното здравје било следено неколку години (понекогаш и 20), а тие одговарале на прашања поврзани со животни навики, вклучително и гледање телевизија.
На повеќе од 1.000 луѓе им била дијагностицирана длабока венска тромбоза во еден момент од истражувањето. Оние што го исполнуваат критериумот за подолго гледање се оние што поминале три или повеќе часа дневно гледајќи телевизија и за кои било откриено дека имаат 35 отсто поголеми шанси да развијат тромбоза од оние што ретко гледаат телевизија.
Иако врската помеѓу гледањето телевизија и згрутчувањето може да постои и кај оние што се занимаваат со спорт, тоа не значи дека активноста не помага.
Редовното вежбање секако го намалува ризикот, а на оние што подолго гледаат телевизија во една положба им се советува да прават кратки паузи и да стануваат и да се истегнуваат на секои 30 минути.
Извор:
b92.net
Фото: Freepik