21.02.2019
Живот
Од полноќ македонските граѓани влегуваат во Грција без белите ливчиња
Белите ливчиња на кои до вчера грчките гранични полицајци ни ставаа печати за влез во нивната земја од синоќа на полноќ заминаа во историјата.
Официјално, од полноќ при влез во Грција нашите граѓани ја минуваат македонско-грчката граница само со пасоши на кои на излез од земјава нашите гранични полицајци им ставаат печат на кој на македонски, англиски и на француски јазик пишува дека патната исправа е во сопственост на Република Северна Македонија, а грчките полицајци првпат ставаат печати во пасошите.
Новите правила од Преспанскиот договор грчките погранични служби почнаа да ги применуваат по една недела откако на граничниот премин Богородица беше поставена таблата со новото уставно име на нашата земја.
Според најавите, лични карти и патни исправи со новото уставно име на земјава ќе почнат да се издаваат кон крајот на годинава.
Извор: МИА