X
 27.09.2022 Здравје

Руски лекар кој живеел 103 години создал совршено мени со оброци што го чистат телото

Докторот Фјодор Григорјевиќ Углов живеел 103 години, а поголемиот дел од својот живот имал иста тежина - 63 килограми.

Овој познат руски и советски лекар работел до својата 102 година и бил познат како неприкосновен експерт. Верувал дека прекумерната тежина го намалува имунитетот, го менува составот на крвта и предизвикува низа проблеми.

Тој смислил 5 правила за здрав живот:

- Секојдневна физичка активност и уште посилна ментална активност;
- Одморот треба да биде пропорционален со работата;
- Секојдневно туширање со студена вода;
- Спиење најмалку 7 часа;
- Ограничено внесување храна.

Според доктор Углов, сите треба да јадеме што е можно поразновидно: јајца, посно месо, риба, зеленчук и овошје, а советувал и пиење сурутка и вода секој ден.

Како што еднаш рекол, на ниеден човек не му се потребни слатки и бело брашно и препорачувал јадење само црн леб, максимум 150 грама дневно.

Оброците треба да се чести: да се јаде најмалку 4 пати на ден, но во мали порции.

За да ослаби, Углов правел диета на секои два месеца, нарекувајќи ја „источна диета“. Со неа може да се изгубат 3 до 5 килограми, а одлична е и за чистење на телото. Таа бара броење калории и е исклучително лесна за одржување.

hrana
Фото: Freepik

Докторот советувал јадење точно до минута за да се одржи оптималниот интервал помеѓу оброците.

Дневната диета на д-р Углов:

9 часот - црн чај или кафе со лажичка шеќер.
11 часот - 1 варено јајце, осум варени сливи натопени во вода.
14 часот - 200 г посно варено месо (пилешко, телешко), 100 грама свежа или варена зелка или морков, 1 портокал.
17 часот - 30 г тврдо сирење без маснотии, портокал или јаболко.
20 часот - 250 мл јогурт или кефир.

Освен диетата, еве што советувал докторот:

- Станете од масата ако се чувствувате сити. Ако се прејадете, тоа ќе влијае врз вашата тежина.

- Никогаш не легнувајте да спиете или не одмарајте по јадењето. Штом јадете, одете на прошетка или правете нешто.

- Последниот оброк треба да биде неколку часа пред спиење. Ако е можно, јадете најдоцна до 20 часот. Вечерата секогаш треба да биде лесна, а се препорачува да биде само шолја јогурт или млеко.

Доктор Углов верувал дека постот носи една придобивка. Одвреме-навреме се откажувал од производите од животинско потекло, ја намалувал количината на храна и веќе се чувствувал подобро.

Докторот советувал да се зголеми протокот на енергија и човек да се движи што е можно повеќе: долги прошетки, вежбање, особено ако работата не е поврзана со физичка активност. Углов верувал дека храната со адитиви му штети на телото. Колку е поприродна и поедноставно приготвена храната, толку е поздрава.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје