X
 04.06.2019 Здравје

Лекари не сакајќи буквално му ги запалиле градите на пациент при операција на срце

Сите знаеме дека операциите со себе носат ризици, но никогаш не сме помислиле дека еден од нив би бил зафаќање од оган. А токму тоа му се случило на еден човек кој бил на операција на срцето во Австралија.

Овој 60-годишен пациент бил подложен на итна процедура под комбинирана инхалирана и интравенозна општа анестезија за да може да се оперира неговата аорта. Но, имало мала компликација. Пациентот, кој претходно бил на лекување за белодробни болести во друга болница, имал зголемен десен бел дроб со неколку трајни воздушни џебови.

Белиот дроб се залепил за градната коска на пациентот, која хирурзите морале да ја пробијат за да стасаат до неговото срце. И покрај нивните напори, тие дупнале еден од воздушните џебови во дробот и почнал да излегува воздух.

За да го неутрализираат тоа, дотокот на кислород во анестетскиот инхалант бил зголемен за 100 отсто. Но, очигледно тоа бил голем истек - лекарите можеле да го намирисаат анестетикот севофлуран кој се раширил во воздухот. Севофлуранот се помешал со голема концентрација на високооксидирачки кислород, што ги направило условите понесигурни.

Но, огнот не избива од никаде, дури и кога такви гасови излегуваат од пациентот.

Тогаш стапува на сцена последната несреќна состојка - тимот користел и електрокаутеризациска направа, хируршка алатка која користи топлина за да залепи рани.

Очигледно направата била преблиску до сува хируршка опрема покрај градите на пациентот. Кога искра од направата стасала до хируршката опрема во високооксидираниот воздух, избил оган.

Иако настанот бил необичен, не е првпат вакво нешто да му се случи на пациент. Познати се уште седум слични случаи.

Како и да е, пациентот е добро и како и претходните седуммина пациенти, излегол неповреден од огненото искуство откако огнот бил изгаснат и операцијата се одвивала непречено.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје