X
 19.11.2024 Здравје

Дали знаете дека со помош на едноставен тест можете да откриете проблеми со срцето?

Еден од тестовите што се користат за процена на функцијата на артериите на раката е познат како Ален тест. Процесот започнува со цврсто стегање на тупаницата на едната рака, додека друго лице ги стега радијалната и улнарната артерија. Овие артерии ја снабдуваат вашата рака со крв.

По околу 30 секунди опуштете ја раката, а лицето што ви помага треба полека да го ослободи притисокот на една од артериите, внимателно набљудувајќи ги промените во бојата на раката. Ако дланката брзо ја поврати својата природна боја, тоа укажува на добар проток на крв, а тестот може да се повтори на другата артерија. Важно е да се анализира не само бојата на дланките, туку и времето потребно за да се врати бојата во нормала.

Негативни резултати се јавуваат кога дланката се враќа во нормала за 5 до 10 секунди, додека за нормален резултат се смета оној кој трае помалку од 5 секунди. Негативните резултати може да укажуваат и на лошо снабдување со крв.


Аленовиот тест е едноставна, но вредна алатка за процена на здравјето на вашите артерии, а редовните прегледи можат да ви помогнат да го одржите вашето здравје со текот на годините.

Извор: klix.ba

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје