Моето прашање е всушност за другарче на син ми. Двајцата се најдобри другари во училиште и заедно одат во четврто одделение, неразделни се од прво. Редовно се среќаваме и надвор од училиште, посети по дома и сл. Во последно време почнаа малку да ме загрижуваат некои разговори на другарчето за себеси во конотација на смрт. На пример, во саботата го зедовме со нас, без родители, и неколку пати кажа: „Збогувајте се со мене, ќе го пресечам стаклото и ќе умрам“ или „Збогувајте се со мене, ќе го скршам стаклото и ќе скокнам“. Шетавме потоа во продавница и син ми му се скри накратко, а другарчето рече: „Ах каде е, не можам да го најдам, изгледа умрел“. Слични муабети дека умира се повторуваа и во други ситуации. Разговарав со син ми, како е во школо, за што си зборуваат, без да навестувам што сум го забележала. Ми спомена слични ситуации. На пример, кога сме се договарале за саботата да го земеме, му рекол на син ми: „Ако не ми дозволи мајка ми да дојдам со вас, ќе лежам во мојата соба како мртов со нож в глава“. Или, имале физичко и се уморил, па легнал на земја како да умира затоа што го болеле нозете. Почнав да се загрижувам и би сакала да ве прашам како да реагирам во ситуацијата? Дали да разговарам со мајката и како да пристапам, без да бидам погрешно разбрана.
Одговорот од психолог прочитајте го на
Деца.мк