Јапонија ќе почне да промовира „workcations“ (воркешјнс) - работење во средини слични на оние каде што одиме на одмор, во 34 национални паркови и 80 пролетни одморалишта низ целата земја како одговор на зголемената работа на далечина и намалениот туризам поради пандемијата на коронавирусот.
Предлогот од страна на министерството за животна средина финансиски ќе ги поддржува хотелите и другите туристички објекти да ја подобрат нивната телекомуникациска инфраструктура и да обезбедат сигурен безжичен интернет.
Пандемијата на Ковид-19 предизвика нов бран на интереси во телекомуникациите, особено во природната околина каде што работниците можат да работат, но барем ќе се чувствуваат ослободени од опкружувањето во канцелариите. А напорите на владата може да помогнат во намалувањето на недостигот на странски туристи, кои се спречени да ја посетат земјата поради светската криза.
Во 2016 година почна проект за зголемување на бројот на странски посетители на национални паркови од 4,3 милиони во 2015 година на 10 милиони во 2020 година. Но, пандемијата ги уништи надежите за исполнување на целта во 2020 година поради коронавирусот.
Друга цел на владата е да ги охрабри посетителите да останат подолго од просекот во националните паркови, а тоа е повеќе од 1,3 ноќ. И токму затоа, работењето во вакво опкружување може да биде одговорот.
Фото: Pixabay
Покрај туристичките капацитети во парковите, програмата ќе им помогне на хотелите и гостилниците во 80 одморалишта да нудат посебни тури за работење во природно опкружување и надградување на телекомуникациите.
Префектурата Вакајама е пионер во ваквите „воркешјнс“ во Јапонија како прашање на политика за зајакнување на локалниот туризам во 2017 година. Оттогаш идејата им стана привлечна и на други локации. Минатиот ноември 65 префектури и општини формираа тело за промовирање на вакви работни локации во Јапонија, при што бројот на учесници сега достигна 89.
Неколку бизниси сега се преместени во Ширахана, позната плажа и летно одморалиште во Вакајама, при што инвеститорот „Мицубиши естејтс“ нуди воркешјн-канцеларии од мај 2019 година.
Трендот го привлече вниманието и на други јапонски компании како начин да ги натера вработените да земат повеќе платен одмор. „Џапан ерлајнс“ тестира програма за работа за вработени во 2017 година и ја направи официјална наредната година.
Јапонските компании полека ја препознаваат вредноста на флексибилниот стил на работа што го отелотворуваат работните места. Комбинирањето деловни активности и слободно време повеќе не значи жртвување на ефикасноста. Тие сега сметаат дека работењето во природна околина може да помогне да се постигнат нови нивоа на продуктивност и креативност.
Ироночно, пандемијата на Ковид-19 би можела да ја намали привлечноста на ваквите работни места. И покрај укинувањето на ограничувањата на 19 јуни, ризикот од втор бран и понатаму е висок. Секоја наредна опасност може да ги запре патувањата.
Другата грижа на компаниите е можното замаглување на линијата помеѓу работата и слободното време. Еден клучен предизвик за бизнисите што го прифаќаат новиот пристап е да воспостават начин на следење на работното време и соодветно да плаќаат.
Извор:
Аsia.nikkei.com