Жителите на земјите во Европа се вакцинираат, но не доволно за да престане да расте бројот на новозаразени лица и смртни случаи. Европските држави се подготвуваат за нови бранови зимава, а најтешко погодени се земјите во кои процентот на вакцинирани жители е најнизок.
Графикони на „Јуроњуз“ со податоци од новозаразени лица и смртни случаи во последниот месец покажуваат кои европски земји се најпогодени во моментов. На графиконите се покажува бројот на новозаразени лица на 100.000 лица и бројот на смртни случаи на 1 милион луѓе. Податоците се за 2021 година, до 7 ноември.
На нив се покажува дека во последните неколку недели има пораст на новозаразени во Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Грција, Ирска, Летонија, Литванија, Холандија, Црна Гора, Словачка, Словенија и Украина.
Кога станува збор за смртните случаи, се забележува значајно зголемување во Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Груција, Унгарија, Летонија, Литванија, Молдавија, Романија, Русија, Србија, Словенија и Украина.
Извор:
Euronews
Фото: Pixabay