X
 30.06.2023 Наука

Астрономите првпат слушнале необични вселенски вибрации

Истражување кое траело 15 години вродило со плод бидејќи научниците првпат „слушнале“ космички звуци од супермасивните црни дупки, чија „песна“ е во форма на вибрации на гравитациони бранови.

Астрономите првпат ги „слушале“ вибрациите на моќните гравитациски бранови произведени од судирот на црните дупки како одекнуваат низ универзумот. Овие бранови се појавуваат на различни фреквенции и осцилираат со децении. Откритието има потенцијал да го подобри научното разбирање на космичките феномени како што се супермасивните црни дупки, како и почестото спојување на галаксиите.

Пулсарите како клучен „мерен инструмент“

Гравитационите бранови првпат ги предвидел Алберт Ајнштајн во 1916 година, а тие претставуваат нарушувања во простор-времето. Тие биле потврдени дури во 2015 година, односно цел век подоцна. Астрономите ги открија овие бранови во нашата галаксија со набљудување на пулсарите, густите остатоци од масивни ѕвезди кои станале супернова.

Пулсарите дејствуваат како ѕвездени светилници, брзо се вртат и емитуваат зраци од радиобранови кои изгледаат како да пулсираат кога се гледаат од земјата. Пулсарите можат да се вртат стотици пати во секунда, а нивните стабилни импулси ги прават сигурни космички мерачи на времето.

Кога гравитационите бранови минуваат помеѓу Земјата и пулсарот, тие го нарушуваат времето на неговите радиобранови. Според теоријата на Ајнштајн, гравитационите бранови се протегаат и го компресираат просторот додека се шират низ вселената, што влијае врз патувањето на радиобрановите. Следствено, некои импулси стигнуваат до Земјата малку порано или подоцна од очекуваното, што претставува доказ за присуството на гравитациони бранови.

Над 190 научници од целиот свет учествувале во повеќе истражувања за фреквенциите на гравитациони бранови во последните 15 години. Сега се објавени нивните наоди.

Научниците веруваат дека главен извор на гравитационите бранови се супермасивните црни дупки, кои ги во јадрата на повеќето големи галаксии. Кога галаксиите се спојуваат, нивните црни дупки на крајот почнуваат да кружат една околу друга, постепено приближувајќи се до судир. По судирот, брановите се шират нанадвор од галаксијата домаќин и на крајот стигнуваат до нашата галаксија.

Сепак, астрономите посочуваат дека иако супермасивните црни дупки се веројатен извор на гравитационите бранови, не е невозможно да постои друго потекло.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука