Носење маска за лице, редовно миење на рацете, физичко дистанцирање - сите ги знаеме препораките за спречување на ширењето на коронавирусот. Сепак, бројот на нови случаи расте во многу делови од светот, а и кај нас.
Некои експерти препорачуваат да се користи прочистувач на воздух како дополнителна мерка за заштита во домот или канцеларијата, особено доколку просторот нема добра
вентилација. Веи-Нинг Ванг, професор на Универзитетот „Вирџинија комонвелт“ во САД, објаснува дека аеросолите преку кои може да се шири коронавирусот во просториите се заробуваат во филтрите за прочистување на воздухот.
Сепак, останува да се докаже колкава е ефикасноста на прочистувачите на воздухот во спречување на ширењето на коронавирусот. Дејвид Хил, инженер, вели дека сè уште не биле направени тестирања за ова и затоа не треба да бидеме сигурни дека сме безбедни доколку користиме прочистувач на воздухот. Тој препорачува да се користи прочистувач на воздух заедно со практикување на другите мерки.
Фото: Pexels
Како да одберете добар прочистувач на воздухот?
Најважната работа што треба да ја има прочистувачот на воздухот е филтер за честички со висока ефикасност или ХЕПА-филтер. Овие филтри заробуваат најмалку 99,97% од честичките со големина до 0,3 микрони. Повеќето патогени што се пренесуваат преку воздухот имаа големина во микрометри, па затоа ХЕПА-филтерот може да ги зароби речиси сите.
Освен тоа, треба да се користи прочистувач на воздух што одговара на големината на просторијата во која седите за да бидете сигурни дека се прочистува воздухот во целата соба.
Автор: Аманда Таритон
Извор:
usatoday.com