„Тајната вечера“ од Леонардо да Винчи (
црква Санта Марија деле Грацие, Милано)
Сабрина Сфорца Галиција, истражувач од Ватикан, тврди дека го разбила математичкиот и астролошкиот код што се наоѓа на прозорецот над главата на Исус, а на кој има детали од глобални поплави што ќе почнат на 21 март 4006 година и ќе завршат на 1 ноември истата година. Поплавите ќе го уништат светот, но и ќе го најават новиот похуман свет (?!)
(
Фото: Wikipedia)
„Гола Маја“ од Франциско де Гоја (
музеј Прадо, Мадрид)
Оваа слика инквизицијата ја опишала како „непристојна и штетна за јавното добро“, а и ден-денеска важи за слика со најсексуална содржина на сите времиња. Фактот што главата и телото не се совршено споени го навестува внимателно осмислениот идентитет на раскошната убавица на креветот. А која, всушност, била таа? Се шпекулира дека станува збор за Пепита Тудо, љубовница на Мануел де Годој, контроверзниот шпански премиер во текот на Шпанската војна за независност, кој можеби бил и нарачател на сликата. Се споменува и Марија дел Пилар – убава страсна војвотка од Алба, со која Гоја веројатно имал афера. Неодамнешни истражувања ја побиваат оваа теза, иако војвотката красела многу од платната на Гоја.
(
Фото: Wikipedia)
„Пролет“ од Сандро Ботичели (
галерија Уфизи, Фиренца)
Одредени истражувања го побиваат општото мнение дека станува збор за слика на која е насликана прослава на женската убавина и солидарност.
Ремек-делото на Ботичели не е само сон на ботаничар со 500 растителни видови, туку се толкува како заговор против семејството Медичи и обид да се обединат идеите на христијанството, исламот и јудаизмот.
(
Фото: Wikipedia)
„Час по музика“ од Јоханес Вермер (
Ројал колекшн, Лондон)
Колку и да ни се чинат пристојни, сликите на Вермер се преполни со еротски симболи. На оваа слика млада жена допира клавиши на вирџинал (инструмент што се поврзува со невиност и чистота) и ги впива инструкциите на својот тутор. Ако внимателно го погледнете огледалото врз неа, ќе забележите дека таа гледа директно во него. Бокалот со вино зад неа е афродизијак, големиот инструмент на подот е фалусен симбол, а гледачот на оваа слика е ставен во улогата на воајер.
(
Фото: Wikipedia)
Систинска капела, Микеланџело (
Рим)
Според една неодамнешна теорија, во девет дела од Приказната за настанокот се кријат низа кабалистички пораки. Давид и Голијат формираат буква која ја симболизира силата во кабалата, а сето тоа би требало да изгради мост помеѓу католицизмот и јудаизмот.
(
Фото: Wikipedia)