X
 30.10.2016 Живот

Трик со кој ќе заспиете за само една минута

Колку пати сте биле преморени, а сепак не сте можеле да заспиете? Постои едноставен трик кој ќе ви помогне побрзо да потонете во сон, а го смислил лекарот Енру Вил.

Се работи за методата „4-7-7“ која ефикасно им помага на луѓето кои имаат проблеми со спиењето. Наводно ви помага да заспиете за само една минута, бидејќи методата влијае на релаксирањето на телото.

Што треба да направите :

Вдишете полека низ носот во времетраење од 4 секунди.
Здржете го дишењето 7 секунди.
Изишете полека 8 секунди.

Постапката повторувајте ја се додека не заспиете, а во просек е доволно само неколку пати. Сепак, ако пред спиење сте биле многу активни, ќе ви биде потребно малку повеќе време.

Лекарот вели дека на ваков начин се забавува работата на срцето додека во исто време во мозокот се опуштаат хормоните кои го релаксираат телото.

Во продолжение погледнете го видеото во кое се практикува методата.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот