X
 12.11.2023 Здравје

Спиевте цела ноќ, но чувствувате умор? Еве што може да е проблемот

Сите понекогаш се чувствуваат уморни поради многуте обврски и недостигот на сон. Но, доколку долго се чувствувате уморни и имате дополнителни симптоми, а дополнителниот сон не помага, причината може да има медицинска природа. Ова се најчестите причини за хроничен замор.

Не пиете доволно вода

Дехидратацијата предизвикува замор. Истражувањето на американскиот медицински центар „Корнел“ покажало дека 75 отсто од 3.000 луѓе се хронично дехидрирани. Доколку не внесувате доволно течности, телото се заморува поради недостигот на кислород кој водата го носи до сите клетки во телото и на тој начин овозможува негово правилно функционирање. Се препорачува жените да консумираат 1,5 литар течност дневно, а мажите 2.

Депресија


Ако спиете 7-8 часа на ден, а сте уморни, безволни, нерасположени, немате желба да станете од кревет наутро, можеби патите од депресија. Најдобро е да го посетите вашиот лекар и да се консултирате со него. Одредени намирници можат да го подобрат вашето расположение, како што се зелен листест зеленчук, семки од сончоглед, скуша, јаткасти плодови и печурки.

Ниско ниво на железо во крвта

Недостигот на железо во организмот доведува до анемија, чии симптоми се замор, недостиг на воздух, вртоглавица, главоболка, студени раце и нозе, забрзано чукање на срцето. Ако не јадете доволно црвено месо и темнозелен зеленчук, може да имате ниско железо во крвта. Препорачливо е да посетите лекар кој преку тест на крвта ќе утврди дали имате анемија. Помага и пијалак направен од блендирано цвекло од средна големина, три мали моркови и половина сладок компир кој се пие еднаш дневно.

Мононуклеоза


Мононуклеозата, вирусна инфекција која се шири низ плунката и предизвикува чувство на исцрпеност, може да предизвика симптоми како треска, болки во грлото, болки во мускулите, губење на апетитот. Бидејќи се пренесува преку плунката, се нарекува болест на бакнување. Иако симптомите исчезнуваат по еден месец, чувството на замор може да трае неколку месеци. Покрај терапијата што ја препишува лекарот, важно е да се пие доволно вода и природни сокови за да се спречи дехидрација.

Зголемено ниво на шеќер

Хроничниот замор е чест симптом на дијабетес, а други симптоми се постојана жед, често мокрење и губење на тежината. Лекарот ќе утврди дали страдате од дијабетес преку тест на крвта. Можете да го намалите шеќерот во крвта со додавање една лажичка цимет во чаша топла вода која треба да ја консумирате секој ден.

'Рчење додека спиете


'Рчењето е вообичаено нарушување на спиењето кое може да предизвика периодични паузи во дишењето. Тоа е поврзано со спиење на грб, дебелина, пушење и консумирање алкохол. Поради ваквиот начин на дишење, телото не може правилно да се одмори, што доведува до хроничен замор.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје