Многу возачи не се свесни за малиот симбол што личи на клуч втиснат во пластиката во близина на воланот. Овој навидум безначаен детаљ има важна улога. Проверете дали го имате и во вашето возило.
Еволуцијата на клучевите од автомобилот
Низ годините автомобилската индустрија значително ги подобри системите за отклучување и стартување на возилата. Од класични метални клучеви, преку далечински управувачи, до модерни паметни системи кои реагираат на допир или дури го препознаваат мобилниот телефон на сопственикот, технологијата напредувала и напредува со неверојатна брзина.
Сепак, дури и најсовремените системи можат да откажат. Батеријата во паметниот клуч може да се потроши, а електрониката може да потфрли. Во такви ситуации се поставува прашањето - како да влезете во возилото и да го запалите моторот?
Повеќето паметни клучеви содржат скриен механички клуч за отклучување на вратата. Но, што ако треба да запалите автомобил кој се пали со притискање копче? Тука на сцена настапува малиот врежан симбол на клучот. Овој знак, кој обично се наоѓа кај воланот, има клучна функција во итни случаи.
Ако се најдете во ситуација кога батеријата во вашиот клуч е празна, едноставно приближете го клучот до врежаниот симбол. Дури и со ниска батерија, системот ќе го препознае клучот и ќе ви овозможи да го запалите моторот со притискање на копчето за палење.
Оваа мала, но важна карактеристика покажува дека производителите на автомобили размислуваат однапред, обезбедувајќи резервни решенија за потенцијални проблеми со напредната технологија.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Freepik