X
 05.09.2023 Живот

2.000 семиња што летаа околу Месечината ќе бидат засадени во САД

НАСА и Федералната агенција за заштита на шумите на САД спроведуваат проект за популаризација на образованието во СТЕМ-областите (наука, технологија, инженерство и математика) за да ги заинтересираат новите генерации за истражување на вселената.

Американските образовни институции и граѓанските организации во моментов може да аплицираат за учество во проектот наречен „Артемис мун трис“, организиран од НАСА и „Форест сервис“, шумарска агенција во рамките на одделот за земјоделство. Како дел од овој проект, семињата што претходно летале на вселенската мисија „Артемида I“ ќе бидат доставени до избрани институции.

Вселенски садници

Речиси 2.000 семиња биле испратени на патување до орбитата на Месечината и назад, а сега тие ќе го најдат своето живеалиште на Земјата, поточно низ САД, каде што ќе бидат засадени и веројатно ќе пораснат во дрвја.

Организаторите ги покануваат училиштата, библиотеките, музеите и другите организации што се занимаваат со образование да ги преземат семињата и да најдат начин да ја ангажираат јавноста во овој проект. Крајната цел е децата и младите да се доближат до истражувањето на вселената како активност од која сите имаат корист.

- Дрвјата на НАСА од лунарната мисија „Артемида“ ќе ја вратат науката и генијалноста на вселенското истражување. Минатата година овие семиња патуваа над 64.0000 километри и беа подалеку од Месечината. Сега, со наша помош, новата генерација „Месечеви дрвја“ ќе го засади духот на истражување во нашите заедници и ќе инспирира нова генерација истражувачи - рече Бил Нелсон, првиот човек на НАСА.

Овој проект не е прв од ваков вид, туку е организиран врз основа на слична идеја од 1971 година. Во тоа време, пилотот на мисијата „Аполо 14“, Стјуарт Роса, поранешен работник во шумарството, самоиницијативно зел стотици семиња во својот багаж за патување во вселената. По враќањето на Земјата тој ѝ ги предаде на агенцијата „Форест сервис“, која ги засади низ САД во 1976 година.

Извор: Bug.hr
Фото: Moon Trees
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот