X
 30.12.2021 Живот

Жичницата на Водно повторно во функција

Од денеска е пуштена во употреба жичницата до врвот на Водно. Согласно протоколот на Комисијата за заразни болести, во кабина е дозволено да се превезуваат максимум 4 лица, односно искористеност на 50% од вкупниот капацитет на кабината, каде што патниците треба да носат заштитна маска. Во текот на денот ќе се врши дезинфекција на внатрешноста на кабините. Жичницата ќе работи секој ден, освен секој понеделник и последниот вторник во месецот.
 
Воедно, во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б). Автобуските линии за време на викенд и за државни празници се бесплатни за сите категории патници. Дозволен е превоз на домашно милениче куче со мал/среден раст и превоз на куче/придружник на лицата со хендикеп.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот