Не постои ништо полошо од тоа да си заглавен на работа, да гледаш како луѓето си го живеат животот и одат на различни друштвени настани.
Но, што ако тоа е работно место? Замислете да добивате плата за да одите на настани како Вимблдон или Модната недела во Њујорк. Сега не мора да замислувате затоа што компанијата „Велој“ е во потрага по нов создавач на луксузни содржини.
Што значи тоа?
Тоа значи дека од кандидатот ќе се бара да направи содржина за некои од најголемите и најдобри ВИП-настани низ цел свет споделувајќи ги искуствата. Платата е 100.000 долари годишно, работното време е флексибилно и ќе добиете телефон, таблет и пари за да можете да го искористите максимумот од секој настан. Освен тоа, ќе имате можност да земете уште една личност на настаните.
Постојат неколку услови што треба да ги исполнувате:
- Американски или британски пасош;
- Да имате најмалку 21 година;
- Вештини за пишување на англиски јазик;
- Да бидете дружељубива личност;
- Да имате добро познавање за социјалните медиуми;
- Да имате страст за патување.
Доколку сакате да аплицирате, тоа можете да го направите
ТУКА.
Извор:
Travelpirates.com
Фото: Freepik