X
 28.09.2023 Живот

Зошто негативните мисли се толку моќни?

Без разлика дали се позитивни или негативни, нашите мисли се моќни. Кога добиваме оцена на работа или на факултет, обично повеќе сме погодени од негативните коментари отколку од пофалбите и охрабрувањето.

На ист начин, нашите негативни мисли носат поголема тежина од позитивните и прават да чувствуваме анксиозност и страв. Негативните мисли може да ја намалат самодовербата и да влијаат врз отвореноста за нови искуства и можности, без разлика на нашите достигнувања, способности и вештини.

Пристрасност кон негативните мисли

Причината за ова е преживувањето. Кога станува збор за правење животни избори и оценување стравови и закани, имаме пристрасност кон негативните мисли како начин на заштита. Поради тоа, имаме зголемена свесност за секоја закана за нашата благосостојба.

Оваа способност им помагала на нашите предци да преживеат, но во модерниот свет може да работи против нас и да направи да се чувствуваме неспособни и неволни да користиме шанси кога има малку ризици, а многу поволности. Токму затоа, често се задоволуваме со помалку и одбиваме добри можности, а со тоа го ограничуваме сопствениот потенцијал за да ги исполниме сопствените соништа.

Процесирање на моќните негативни мисли

Како и со секој предизвик, кога станува збор за соочување со пристрасноста кон негативните мисли, првиот чекор е нејзиното разбирање и прифаќање. Потоа може да почнете да ги процесирате негативните мисли што предизвикуваат чувство на разочараност, недостиг на самодоверба и чувство на беспомошност.

Откако ќе идентификувате негативна мисла, треба да ја оспорите нејзината вистинитост. Може да се запрашате колку е точна и што ве поттикна да се чувствувате така. Кога ги анализираме нашите мисли, може да видиме какви се и зошто се појавиле.

Замена на негативни мисли со позитивни

По анализата на негативните мисли, може да ги замениме оние што немаат основа со позитивни мисли кои се поздрави за нас. Размислете за тоа. Тука сме за да живееме најдобро што можеме, а не да се движиме низ животот опседнати со сомневања и стравови.

Добра и моќна вештина е да се разбира балансот помеѓу негативната пристрасност и позитивното во животот. Ваквиот начин на размислување ќе направи инстантна и реална позитивна разлика во животот.

Извор: Psychology today
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот