X
 31.05.2018 Живот

Теоријата на Џејмс Камерон за исчезнатиот малезиски авион

Истражувачот и режисер Џејмс Камерон вели дека не е изненадување тоа што исчезнатиот авион МH370 сѐ уште не е пронајден и би било „човечка ароганција“ ако се мисли поинаку.

Пред околу четири години режисерот изјави дека верува оти авионот никогаш нема да биде пронајден поради недостиг на средства за финансирање на возила.

Неодамна, тој ја надополни изјавата дека пронаоѓањето на исчезнатиот авион на дното на океанот е исто како пронаоѓање игла во сено.

foto
Фото: Google Earth


- Повеќе знаеме за површината на Марс или Месечината отколку за најдлабоките океани. Опремата што ја дизајнирав е специјално наменета за истражување на длабоки и веќе идентификувани локации од научен интерес. Откако ќе ја пронајдат локацијата, јас сум специјалист за локации со урнатини и знам како да ги истражувам, мапирам, знам како да користам мала роботика за да влезам и да спроведам истражување.

Во 2012 година, Камерон направил неверојатен подводен подвиг до најдлабоката точка на дното на океанот - Маријанскиот Ров во западниот дел на Тихиот Океан. Неговото истражување на потонати бродови, вклучувајќи ги и „Титаник“ и германскиот брод „Бизмарк“, откри нови индиции за судбината на бродовите и како потонале. Тој изјави дека и покрај потрагата во длабокиот океан, исчезнатиот малезиски авион би можел да биде каде било.

- Океанот е огромен, луѓето немаат поим. Мислиме дека сето тоа е истражено, меѓутоа, секундата кога ќе се спуштите под вода, ќе сфатите дека станува збор за огромна непозната површина. Зборуваме за стотици илјади квадратни километри океан, поголемиот дел од нив немапирани. Не знаеме како изгледа дното и ќе ни бидат потребни децении да откриеме. Ако некој треба да спроведе огромно пребарување низ целиот западен Пацифик и Индискиот Океан, ќе ни помогне да научиме многу работи и тоа би било одлично.

- Би било арогантно да мислиме дека знаеме толку многу за Земјата - додава тој.

Коментарите на Камерон доаѓаат откако американската технолошка компанија, која повеќе три месеци го пребарува дното на океанот, не успеала да го пронајде местото каде што авионот се урнал и официјално го прекина пребарувањето.

Извршниот директор на „Оушн Инфинит“, Оливер Плункет, изјави дека биле пребарани 112.000 квадратни километри на дното на океанот, што е повеќе од четири пати од предложената зона на несреќата околу Индискиот Океан.

Четиригодишната потрага по авионот кулиминира со цена од 200 милион долари. Авионот исчезна на 4 март 2014 година на летот од Куала Лумпур до Пекинг.

- Се чини дека ова ќе остане мистерија некое време. Не заборавајте дека авионот е околу 60 метри долг - тоа е четири пати помалку од „Титаник“, а за пронаоѓање на „Титаник“ биле потребни повеќе од 70 години - вели австралискиот министер за транспорт, Мекомак.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот