X
 31.12.2022 Здравје

Ново истражување објаснува зошто некои луѓе се здебелуваат побрзо од другите

Според ново истражување направено од истражувачи на Универзитетот во Копенхаген, некои луѓе имаат состав на микроби во цревата поради кои поефикасно ја користат енергијата од храната. Ова е значаен чекор напред во обидот да се разбере зошто некои луѓе се здебелуваат побрзо од другите.

- Можеби го најдовме клучот да разбереме зошто некои луѓе се здебелуваат побрзо од другите, дури и кога не јадат повеќе. Но ова треба дополнително да се истражи - изјавил Хенрик Роџер, професор на универзитетот.

Заклучоците биле донесени врз основа на анализа на примероци од измет на 85 испитаници, со која се открил составот на микроби во цревата на испитаниците.

Според резултатите, околу 40 отсто од испитаниците просечно користеле повеќе енергија од храната во споредба со другите 60 отсто. Било откриено и дека оние лица што користеле најмногу енергија од храната просечно тежеле повеќе од другите.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје