Научниците тврдат дека е добро да се има утрински ритуали, да си создадеме рутина, без разлика дали тоа е пиење кафе, вежбање или читање вести.
Според истражувањата, утринските навики влијаат врз човечкиот организам во текот на целиот ден, па би требало да им посветиме поголемо внимание.
Еве што прават успешните луѓе во раните утрински часови:
Пијат вода со лимон
Лимонот е полн со нутритиенти кои даваат физичка и ментална сила.
Вежбаат
Луѓето што вежбаат имаат повеќе енергија и се попозитивни во текот на денот.
„Се исклучуваат“
Земањето на телефонот или компјутерот веднаш откако ќе се разбудите не е добро. Наместо тоа, треба да си одвоите време за опуштање.
Јадат нешто здраво
Здравиот појадок дава енергија и ги подобрува краткорочната меморија и концентрацијата.
Си поставуваат цели за тој ден
Деталното планирање на работниот ден ги зголемува шансите за остварување на
целите.