X
 09.12.2024 Живот

Прогласени најатрактивните градови во светот: дали сте посетиле некои од нив?

Планирате патување оваа зима, но не можете да одлучите каде? Ви претставуваме преглед на најатрактивните градови во светот според „Глобал пауер сити индекс“ за 2023 година. Оваа листа ги рангира градовите според нивната способност да привлечат луѓе, капитал и компании од целиот свет, анализирајќи низа фактори како што се економската сила, квалитетот на животот, културните понуди и глобалното влијание.

Лондон – на врвот на листата е британската престолнина со вкупно 1.647 поени, што ја потврдува позицијата на еден од највлијателните светски центри за економија, култура и иновации.

Њујорк - глобалниот епицентар на финансиите и културата, со 1.506 поени. Градот продолжува да привлекува компании, туристи и таленти од целиот свет.

Токио – јапонската престолнина е на третото место со 1.376 поени, издвојувајќи се по својот технолошки напредок и модерниот начин на живот.

Париз – Градот на светлината е на четвртото место со 1.364 поени, познат по своето богато културно и историско наследство, но и како деловен центар на Европа.

Сингапур
– овој азиски град-држава се рангираше на петтото место со 1.265 поени, благодарение на силната економија, високиот животен стандард и глобалното влијание.

Амстердам - со вкупно 1.246 поени, холандската престолнина е рангирана на шестото место, позната по иновациите, квалитетот на живот и пријателското деловно опкружување.

Сеул - главниот град на Јужна Кореја е на седмото место со 1.202 поени благодарение на технолошкиот развој и растечкото глобално влијание.

Дубаи - Овој раскошен деловен центар на Блискиот Исток е на осмото место со 1.163 поени, комбинирајќи ги модерната инфраструктура и атрактивноста за инвеститорите.

Мелбурн – австралискиот град е на деветтото место со 1.155 поени, познат по својот урбан дизајн и високиот квалитет на живот.

Берлин – на десеттото место со 1.152 поени е германската престолнина која се истакнува по својот креативен сектор и историското значење.

Извор: vecernji.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот