X
 31.10.2018 Наука

Научници открија дека сите клетки имаат код за самоуништување

Во студија објавена во списанието „Нејчр комјуникејшнс“ научниците опишуваат откритие на код за самоуништување (kill code) кој го има секоја клетка во човечкото тело. Научниците од Северозападниот универзитет во Илиноис откриле дека секоја клетка може да почне сопствено самоуништување, што во иднина би можело да биде од големо значење во борбата против карциномот. Тоа значи дека малигните клетки би можеле да се охрабруваат да извршат „самоубиство“ без токсичните хемикалии со чија помош се уништуваат сега. Тоа би значело крај за исцрпувачките хемотерапии.

Моментално, штом внатрешните „телохранители“ почувствуваат дека клетките мутираат во канцерогени, кодот за самоуништување, вграден во РНК, се активира за да ги уништи. Научниците проценуваат дека кодовите се развиле пред повеќе од 800 милиони години за да се заштити телото од болести. Донекаде се успешни, но не можат секогаш да победуваат во борбата против агресивните тумори. Кога синтетички би се дуплирале, тие би можеле да станат многу посилни.

Водечкиот автор на студијата, Маркус Питер, истакнува дека сега кога го знаеме кодот за самоуништување, можеме да започнеме процес без хемотерапија и чепкање на геномот.

- Мојата цел беше откривање на нови хемиски супстанции, сакав да ја следам природата и да користам механизам кој го создала природата. Врз основа на ова проучување можеме да направиме вештачка микро РНК, која е многу посилна во уништувањето на карциномот од онаа што ја развила природата - вели тој.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука