X
 31.12.2017 Култура

Новогодишната гозба што ги претворила будалите во папи и кралеви

Гозбата на будалите, опишувана од француските теолози што ја осудиле во 1445 година, звучи доста забавно. Оваа прослава на Нова година предизвикувала големите црковни претставници да не се достојни за нивните возвишени позиции.

„Свештениците и службениците носеле маски со монструозни лица во текот на нивното работно време. Танцувале во хор облечени како жени. Пееле безобразни песни, јаделе црн пудинг, играле со коцки, трчале и скокале низ црквата, без воопшто да се срамат од она што го правеле“, велат теолозите.



Официјално забранета во 15 век, Гозбата на будалите потекнувала од 1100 и продолжила како традиција и во 16 век. Била документирана во црковните документи, во кои била осудувана, а преку насликани слики биле прикажувани улиците преполни со весел хаос. Гозбата се појавува во познатиот роман на Виктор Игор, „Ѕвонарот на Богородичната црква“, кога Квазимодо се вплеткал во гозбата и бил крунисан за крал на будалите.

Но гозбата не била толку лоша колку што се шпекулирало. Започнала како литургиска прослава која добила репутација за нејзината субверзивност.


Фото: Pieter Van der Heyden

Во книгата „Света лудост“ независниот научник Макс Харис ја следи историјата на Гозбата на будалите на три локации во Северна Франција. Таму, на првиот ден од секоја нова година, пониските членови на свештенството ги преземале должностите од повисоко рангираните свештеници и бискупи. Оваа инверзија на власта имала цел да го „подигне“ духот на пониските рангови: „Будалите“ биле тука будали во одредена библиска смисла, луѓето што го сакале Бог бидејќи имале понизок статус.

Надвор од дворовите на црквите, истовремените прослави биле доста безбожни. Во средновековието било популарно студентите да парадираат низ улиците со нивните лица намачкани со кал (дури и со животински измет) за да го сокријат својот идентитет додека парадираат како свештеници, лекари, државни службеници и владетели. Овие паради се состоеле од пиење, пеење и секакво однесување што обично не би се толерирало.

Зимските прослави како оваа, каде што помалку моќните делови од општеството имале шанса да се опуштат барем еден ден, имаат корени од римските и од други европски пагански празници. Не секогаш се случувале за Нова година, но во некои места овој празник имал повеќе секуларно значење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура