X
 13.06.2024 Живот

Прослава на стогодишнината: „Прилепска пиварница“ одбележа 100 години постоење со спектакуларен настан

Ретки се компаниите во Македонија што можат да се пофалат со стогодишни јубилеи, а уште поретки се брендовите што се задржале на пазарот толку многу години. Една таква компанија е „Прилепска пиварница“, која на 12.6.2024 година во хотелот „Мериот“ организира спектакуларен настан за одбележување на овој значаен јубилеј.

Од скромните почетоци во 1924 година како мала пиварница, па сè до денес кога е една од најмодерните пиварници во регионот, „Прилепска пиварница“ преку напорна работа, посветеност, постојано усовршување и инвестиции во нова модерна технологија и производи, секоја година правеше исчекор нанапред.



„Прилепска пиварница“ има навистина богато портфолио. Пивата Златен Даб и Крали Марко веќе се едни од водечките домашни брендови на пиво, додека Tuborg и Carlsberg, Holstein, 1664 Blanc и Somersby се едни од најквалитетните светски пива, а нивен овластен дистрибутер е 
„Прилепска пиварница“. Освежителниот газиран пијалак Газоза веќе ги освојува и светските пазари, стекнувајќи култен статус дома. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, „Прилепска пиварница“ ги полни пијалаците на Pepsi Cola International: Pepsi, Pepsi Lime, Pepsi Max, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange. Увозник е на Lipton Ice Tea, како и овластен увозник за производите од познатиот бренд „Књаз Милош“ од Србија, меѓу кои: газираната вода Књаз Милош, негазираната вода Aqua Viva, енергетскиот пијалак Guarana и негазираните овошни сокови Tube, a пиварницата е и увозник на алкохолните пијалаци St. Nicolaus.

Настанот го водеше познатата водителка Маријана Станојковска, за музичкиот дел се погрижија Калиопи и Тони Цетински, додека Сашко Коцев со својот стендап ги насмеа сите присутни гости. Пред присутните се обратија и претседателот на Управниот одбор, господинот Сашко Самарџиоски, и членот на Управниот одбор, госпоѓата Панде Самарџиоска.



- Но, она на што сме особено горди не се само нашите брендови. Повеќе од сè сме горди на луѓето што сите овие години, од самите почетоци па до ден-денес, се дел од оваа компанија и на луѓето што на еден или на друг начин ги посветиле своите животи во оваа компанија. Луѓе што со огромен труд, напор и ентузијазам го дале и го даваат сето свое знаење, труд и енергија за да биде компанијата она што е денес – пред гостите се обрати претседателот на Управниот одбор, господинот Сашко Самарџиоски.



- Меѓу многуте влијателни личности во нашата историја, посебно место за нас има Кирил Самарџиоски. Кога Кирил се приклучи на пиварницата во 70-тите години на минатиот век, тој со себе донесе визија што го трансформира нашето работење и нè издигна до нови височини. Беше вистински пионер, предводник во модернизацијата на нашата технологија и процеси. Неуморната посветеност и напредниот пристап на Кирил беа фундаментални во позиционирањето на „Прилепска пиварница“ како модерен, современ и респектабилен ентитет во земјата и надвор од неа – со свој говор се обрати госпоѓата Панде Самарџиоска, како член на Управниот одбор.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот