На 13 јули 2024 година, со почеток од 20 часот, во срцето на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп, ќе се одржи спектакуларен настан за одбележувањето еден век од постоењето на „Прилепска Пиварница“.
Основана во 1924 година, „Прилепска Пиварница“ е камен-темелник на заедницата, произведувајќи најквалитетни пијалаци што го отелотворуваат нашето богато наследство. Овој значаен јубилеј заслужува голема прослава и затоа ве покануваме да ни се придружите заедно да го одбележиме овој наш голем роденден.
Настанот ќе биде исполнет со музика и забава. Реномираните уметници Марија Шерифовиќ, ДНК и Тропико бенд ќе се погрижат да приредат незаборавна вечер што долго ќе се прераскажува.
Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од историјата и да прославите 100 години успешност заедно со нас. Придружете ни се на 13 јули на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп за незаборавна вечер со музика, веселба и убави спомени.
(Комерцијална објава)