X
 01.02.2021 Култура

4U Band ќе ја освојува публиката со добра музика и позитивна енергија

Факултети.мк ги поддржува и промовира младите талентирани и креативни луѓе и со објава на содржина посветена на нивните активности. Да им помогнеме да го добијат заслуженото место во земјава и во светот. Ги охрабруваме сите млади таленти да се обратат во нашата редакција за да можеме да го покажеме нивниот труд пред пошироката јавност.

Борис Илов, Борис Грков, Оливер Миленковски и Орце Павлов се членовите на надежниот бенд 4U Band од Кавадарци. Бендот постои три години и претежно се занимава со преработка на песни, но неодамна ја објави првата авторска песна „Дај замижи“, заедно со видеозапис.



Музиката и текстот на нивното првенче се на Борис Грков, аранжманот е на Столе Аврамов, а песната е снимана во студио „Аврамов“.



Момците од бендот велат дека целта им е да продолжат да создаваат авторски песни и да остават белег на македонската сцена. Според нив, добра музика и позитивна енергија е добитната комбинација за на сцена.


Фотографии: BAJKA - Photography & Videography
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура