Познатиот македонски уметник со меѓународно реноме - Киро Урдин ќе се претстави со самостојна изложба во една од најстарите галерии во белгискиот град Антверпен - „Црниот пантер“.
Изложбата ќе биде поставена до 10 април, а Урдин пред љубителите на уметноста во Белгија ќе се претстави со 150 свои дела, од кои 118 мали формати во маслена техника, 12 дела во акварелна техника и 20 други слики во среден формат.
Централно место ќе има сликата „Табула раза“, со димензии 10 метри должина и 3 метри ширина, во маслена техника. Во рамките на изложбата ќе бидат претставени и документарен филм и книга со истиот наслов. Урдин се враќа на уметничката сцена со оваа прва самостојна изложба во Антверпен, по 14-месечната изолација поради пандемијата.
фото: ФБ-страна на Киро Урдин