X
 01.02.2023 Живот

Штрајк на вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ поради ниските плати

Членовите на Синдикалната организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, на 9 февруари 2023 ќе стапат во штрајк поради ниски плати, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.

Како што се наведува во известувањето, ова е првпат во 56-годишното постоење на МАНУ вработените во Секретаријатот и стручните единици да стапат во штрајк.

- Причина за штрајкот се недостоинствено ниските плати на вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, кои се далеку под просечната плата во РС Македонија, односно малку над минималната плата. Според Законот за МАНУ, МАНУ е највисоката самостојна научна и уметничка институција во државата - соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.

Во штрајкот нема да учествуваат академиците на МАНУ, ни научните соработници вработени во истражувачките центри на МАНУ.

Извор: МИА

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот