Симптоми и причини за нивно појавување
Инфекциите во организмот можат да ги предизвикаат различни микроорганизми - вируси, бактерии, габични инфекции или паразити.
Најчести видови инфекции се оние што се предизвикани од бактериите и вирусите. Поради тоа, многу е битно да направите разлика помеѓу вирусите и бактериите, пред сѐ, за да знаете каква терапија да примените.
Бактериите многу лесно и брзо можат да се пренесат од човек на човек, преку предметите што ги допираат. За вирусите е потребен организмот на човекот за да можат да се размножуваат. Затоа и ретко преживуваат во животната средина.
И вирусите и бактериите влегуваат на ист начин во организмот, преку слузокожата на органите за дишење, органите за варење или кожата на телото.
Симптоми што се појавуваат кај вирусна инфекција
Кај возрасните и децата најчесто се јавуваат вирусни инфекции.
- Се појавуваат симптоми, а некои од нив се:
• Покачена температура
• Течење на носот
• Кивање
• Отежнато дишење
• Кашлање, намален апетит
• Повраќање, дијареја
Во зависност од отпорноста на организмот, кај некои се појавуваат само некои од симптомите на вирусната инфекција, додека кај други се појавуваат сите симптоми.
Вирусот предизвикува инфекција во телото. За да се развие болеста, потребно е вирусот да дојде до клетките за да почне да се размножува. Тие се пренесуваат преку храната, водата или преку директен контакт со заболената личност.
Лошата хигиена и лошите навики во исхраната можат да го зголемат ризикот од вирусна инфекција. Најголема опасност за луѓе што се инфицирани со овој вирус е слабиот имунитет, кој доведува до активација на вирусот.
Видови вирусни инфекции
Предуслов за здравјето на човекот е здрав имунолошки систем. Доколку е ослабнат имунитетот кај човекот, организмот е подложен на различни вирусни инфекции.
Најголеми причини за лошо функционирање на имунолошкиот систем се:
• Стрес
• Хроничен умор
• Исцрпеност
• Лоши животни навики
• Недоволна физичка активност.
Вирусните инфекции најчесто се шират на места каде што има поголем број луѓе. Некои симптоми што се појавуваат кај овој вид инфекција се растечен нос, кивање, кашлање или отежнато дишење.
Во борбата против вирусите е неопходен функционален имунолошки систем. За таа цел, на телото му се потребни витамини и други хранливи материи. Носење маски, држење растојание, миење на рацете – правила кои важат насекаде во светот.
Автор: д-р Гордана Маџункова