Десетици милијарди клетки секојдневно умираат во човечкото тело. Тоа е природен процес кој е важен за задржувањето на здравјето на телото. Сега, првпат, истражувачи од медицинскиот факултети при Универзитетот „Јејл“ го снимиле умирањето на неврони во глушец и последователното отстранување на мртвите клетки.
Иако можеби изгледа дека би сакале да ги задржиме мозочните клетки, подобро е да се ослободуваме од нив кога повеќе не функционираат. Собирањето мртви мозочни клетки може да биде штетно за нервниот систем и се поврзува со невродегенеративни болести.
За да се спречи ова, мозокот, како и останатиот дел од телото, има природен процес за ослободување од мртвите клетки. Меѓутоа, научниците не биле сигурни за вистинскиот механизам во процесот. Затоа, истражувачите на „Јејл“ умртвиле специфични клетки во мозокот на живи глувци и подоцна гледале како другите клетки се ослободувале од мртвите делови.
Истражувачите откриле дека во процесот се вклучени три различни клетки. Некои клетки го обиколуваат мртвиот дел, а во меѓувреме други клетки ги чистат дендритите. Секој вид клетка имала преференции за специфични делови од мртвата клетка што „ја јаде“, но истражувачите забележале дека одредени клетки ги преземаат туѓите делови кога е потребно.
Кај постарите мозоци,
процесот на ослободување од мртвите неврони траел двојно подолго. Ова може да биде причина за појавувањето на невродегенеративни болести во староста.
Во видеото долу може да се види процесот.
Автор: Мајкл Ирвинг
Извор:
newatlas.com