Хабане Лама, познат и како Хаби, е Сенегалец со италијанско државјанство, а на „Тик-ток“ го следат повеќе од 70 млиони луѓе.
Се смета за најдоброто откритие на „Тик-ток“ бидејќи во своите постови на ироничен начин ги „коментира“ туторијалите без всушност ништо да каже.
- Го отворив мојот тик-ток-профил во март 2020 година, кога почна пандемијата во Италија. Неколку дена претходно, поради проблеми поврзани со коронавирусот, бев отпуштен од работа и морав некако да го искористам слободното време. Го избрав „Тик-ток“ затоа што е едноставен за употреба и не е потребна професионална опрема за снимање филмови. Исто така забележав дека креаторите фокусирани на објавување на забавна содржина собираат
стотици илјади следбеници. Од самиот почеток знаев дека таква содржина сакам да снимам - вели Хаби.
За нешто повеќе од една година, тој собрал 70 милиони следбеници, нешто што никој претходно не успеал да го постигне за толку брзо време. Експертите за социјалните мрежи истакнуваат дека неговиот успех го овозможил фактот што тој воопшто не зборува со гледачите на своите видеа и прави смешни изрази на лицето.
- Луѓето често се прашуваат дали стои армија експерти за социјални медиуми кои стојат зад мојот успех, и секој пат морам да објаснувам дека тоа беше лично моја идеја. Секако, сфатив дека изразите на моето лице имаат голем потенцијал на интернет, но во секој од филмовите сум свој и не мора да се преправам дека сум некој друг. Еден ден, ми дојде идејата да ги поедноставам видеата на другите корисници кои прикажуваат тешки и сложени активности.
Уште за време на првите материјали, собрав многу позитивни коментари и реакции. Знаев дека се движам во добра насока и решив да се држам до тоа. Уште од рана возраст сонував да влезам во светот на филмот и да станам комичар. Би бил многу среќен ако можам да го повторам успехот на Еди Марфи и Омар Сиа, кои се мои големи идоли. Не зборувам англиски. Верувам дека човечките емоции и изрази на лицето се еден вид меѓународен јазик што не треба никому да му се објаснуваат.
Инфлуенсерите мораат напорно да работат за нивното видео да стане популарно и гледано, но Хаби тоа го добива многу лесно.
- Ако прашувате дали мислев дека по една година работа ќе имам 70 милиони фанови, мислам дека нема да се изненадите кога ќе кажам дека воопшто не го очекував тоа. Бев изненаден што никој од креторите што прикажуваат комплицирани активности на забавен начин, не сфати дека покажувањето на нивната едноставност може да биде поинтересно и позабавно за гледачите - вели Хаби.
Тој открива како изгледа типичен ден на успешен инфлуенсер.
- Станувам наутро, одам на тренинг, а потоа пребарувам забавни видеа за кои ќе снимам одговор. Сепак, за разлика од многу други креатори, не можам однапред да ги планирам моите материјали, па патот од идеја до производство трае неколку часа и видеото е веќе на мојот профил. Иако сите мои филмови се слични на одредено нив, секогаш се обидувам да променам нешто за да биде интересно за милиони гледачи. Имам чувство дека многу луѓе уживаат во видеата, па не можам да си дозволам да ги разочарам - вели тој.
Раскажува и во кој момент сфатил дека успеал.
- Најголемиот шок за мене беше моментот кога на мојот профил се појавија 10 милиони следбеници. Тоа беше мојот прв сигнал дека успеав да направам нешто посебно и дека на луѓето им се допаѓаат моите продукции. Никогаш не планирав да соберам толку многу фанови и вистината е дека уживам во секоја личност што го посетува мојот профил и ги гледа моите видеа.
Неговото семејство ја поддржува неговата креативност уште од самиот почеток.
- Редовно им ги испраќав моите први видеа, кога сè уште не можев да се пофалам со милиони прегледи - и ним им се допаѓаше она што го правев тогаш. Кога дознаа колку луѓе ме гледаат, само ми честитаа и беа горди. Никогаш не ми рекле дека „Тик-ток“ е губење време и им сум многу благодарен за тоа - вели Хаби.
Извор:
Noizz.rs
Фото: Screenshot/Tiktok