X
 23.06.2021 Живот

84-годишен фармер стана јутјуб-ѕвезда поради неговите совети за животот


Британецот Џон Батлер е поранешен фармер, а во неговата 84 година стана јутјубер кој има над 120.000 следбеници. Голем број луѓе му се благодарни за советите што ги добиле од него за време на пандемијата.

Неговите видеоснимки, во кои зборува за животот и за медитацијата, имаат милиони прегледи. По интервјуто во 2016 година тој станал популарен меѓу луѓето кои практикуваат автономен сензорен меридијален релфекс (АSMR).

АСМР-методите на опуштање и масирање се разликуваат од култура во култура, но зависат и од самиот поединец. Станува збор за пријатно чувство предизвикано за време на масирање на 'рбетот, чешлање на косата, звуци, вибрации и слично.

И додека бил фармер, Батлер медитирал. Со неговите совети им помага на другите да се релаксираат ментално. Како што вели, не знаел што е „Јутјуб“ и многу малку знаел за интернетот. Неговиот јутјуб-канал се вика „Духовен расплет со Џон Батлер“ (Spiritual Unfoldment with John Butler).



Извор: Inews.co.uk
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот