X
 01.08.2024 Стипендии

Стипендии за докторски и постдокторски студии и истражувања во Швајцарија за академската 2025/2026 година

Амбасадата на Швајцарија во Скопје известува дека Сојузната комисија за стипендии за странски студенти на Владата на Швајцарија ќе додели 10-15 стипендии за студенти од државите во Централна и Источна Европа и од Кавказ за академската 2025/2026 година.

Стипендиите се наменети за млади, висококвалификувани дипломирани студенти од сите области, со можност истите да го продолжат школувањето на докторски и пост-докторски студии на некои од државните универзитети или признаени институции во Швајцарија (Швајцарските кантонални универзитети, Универзитетите за применети науки, на двата Федерални институти за технологија, како и на четирите Институти за истражување).

Достапни се три вида стипендии:

- Истражувачки стипендии;

- Докторски стипендии;

- Пост-докторски стипендии.

Понудата не вклучува стипендии за додипломски и магистерски и студии.

Подетални информации за трите вида стипендии, важечки за македонските студенти, може да се најдат на линкот на Амбасадата на Швајцарија: www.eda.admin.ch/north-macedonia .

Апликациите како и останатите потребни документи може да се добијат во Амбасадата или електронски ( тел: 02 3103300; e-mail: skopje@eda.admin.ch).

Целосно пополнетата апликација во хартиена форма во два примероци ( 1 оригинал и 1 копија) кандидатите треба да ја достават до Амбасадата на Швајцарија во Скопје, најдоцна до 10 ноември 2024 година.
Активен до:    10.11.2024

Издвојуваме

Стипендии