Наставници, лидери и активисти во светот споделија пораки за тоа како да се живее во мир.
Еве неколку цитати и изреки, напишани и кажани за тоа како да се живее живот без насилство.
- Мирот е секогаш убав - Волт Витман.
- Мирот е единствената битка што вреди да се води - Албер Ками.
- Не е доволно да се зборува за мир. Човек мора да верува во него. И не е доволно да се верува во него. Човек мора да работи за да го постигне - Елинор Рузвелт.
- Сонувам за Африка која е во мир со себе - Нелсон Мандела.
- Мирот не може да се зачува со сила, тој може да се постигне само со разбирање - Алберт Ајнштајн.
Фото: Freepik
- Мирот не е само далечна цел што ја бараме, туку средство со кое доаѓаме до таа цел - Мартин Лутер Кинг Џуниор.
- Колку повеќе се потиме во мир, толку помалку крвавиме во војна - Вијаја Лакшми Пандит.
- Мирот почнува со насмевка - Мајка Тереза.
- Кога моќта на љубовта ќе ја надмине љубовта кон моќта, светот ќе го запознае мирот - Џими Хендрикс.
- Ако некој мисли дека мирот и љубовта се само клише што треба да биде оставено во 60-тите, тоа е проблем. Мирот и љубовта се вечни - Џон Ленон.
- Мирот не е отсуство на војна, тоа е доблест, состојба на умот, склоност кон добронамерност, доверба, правда - Барух Спиноза.
Извор:
Peace Direct |
Keepinspiring.me
Фото: Freepik