X
 02.03.2022 Живот

Најдобрата наставничка по германски јазик, Габриела Темелкоска од Прилеп: „Не можеме и не смееме да копираме наставни планови од западноевропските земји“

Не можеме и не смееме да копираме наставни планови од западноевропските земји (Финска, Естонија…) зашто тие се креирани за нивните деца, за деца кои имаат поразличен стил на живеење, воспитување и поинакви навики од нашите деца, вели таа и додава дека наградата за најдобар наставник по германски јазик, која ја организира Гете-институт Скопје, ѝ е една од најдрагите

Габриела Темелкоска веќе 12 години работи како наставник по германски јазик во ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп, во училиштето каде што и самата го стекнала своето основно образование учејќи од наставници за кои со гордост вели дека сè уште се модел на идентификација на многумина од колегите.
Нејзината приказна можеби не е различна отколку на другите, но ја издвојува како професионалец. Победник е на натпреварот за најдобар наставник по германски јазик, кој го организира Гете-институтот во Скопје.

– Уште од најрана возраст покажував афинитети кон странските јазици. Англискиот јазик почнав да го изучувам на училиште, а првата средба со германскиот ја имав уште како дете, кога како „папагал“ имитирав кратки секвенции од разговорите на моите братучеди кои живеат во Германија. Како средношколка имав можност да поминам неколку недели од летниот распуст во Германија. Токму таму првпат добив желба да му се посветам на овој странски јазик и да работам со луѓе желни за наука, со луѓе на кои ќе им дадам, пред сè, позитивна енергија и знаење, но и ќе црпам енергија од нив и ќе го градам моето животно искуство – вели наставничката Темелковска.

Оваа година натпреварот за наставници по германски јазик се одржал по четврти пат, а темата биле компетенциите на 21 век, со посебен акцент на четирите К-вештини: креативност, колаборација, комуникација и критичко размислување.

Прочитајте повеќе на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот