X
 14.06.2018 Живот

Наставничка од Русија доби отказ поради фотографија објавена на „Инстаграм“

Руските корисници на социјалните медиуми се собраа во знак на поддршка на наставничката која го изгубила своето работно место откако се појавиле фотографии од неа во костим за капење на „Инстаграм“.

26-годишната Викторија Попова била отпуштена од работа во градот Омск затоа што не ги почитувала училиштето и професијата со фотографиите што ги објавила.

Одлуката за нејзино отпуштање била направена откако на „Инстаграм“ се појавила како позира на фотосесија за костими за капење, иако потоа сликите биле избришани.

nastavnik
Фото: Instagram


Над 3.000 луѓе оттогаш започнале да споделуваат фотографии од себе носејќи костими за капење во знак за протест против одлуката користејќи го хаштагот „и наставниците се луѓе“.

Этим летом я ещё не купалась в открытых водоёмах, поэтому решила загрузить это фото прошлых лет, чтобы поддержать общероссийский флешмоб #учителятожелюди Я считаю увольнение учительницы из Омска за фото в купальнике возмутительным примером ханжества, лицемерия, тупости, беззакония и маразма, царящих в различных организациях в нашей стране, а в системе образования особенно! Мы учителя, но мы тоже люди, поэтому имеем право выглядеть по-разному вне школы и в своих социальных сетях. #учителя #учительвкупальнике #учителяроссии #учитель #учителятожелюди #поддержимвикториюизомска #фотовкупальнике #поддержкаучителей #учительотдыхает #нетмаразму #нетлицемерию #нетханжеству

A post shared by Yulia Makarova (@julijamakarova1984) on

Голем дел од реакциите на интернет се позитивни, при што една личност вели дека отпуштањето на наставничката е срамен пример за хипокризија, глупост и идиотизам.

- Ние сме наставници, но сме и луѓе, па затоа имаме право да изгледаме различно надвор од училиштето и на социјалните медиуми.

Секако, имаше и такви што ја критикуваа нејзината постапка.

- Ова не е норма. И наставниците се луѓе, но овие луѓе се едукатори.

Наставничка или модел?


По фотографиите на интернет, официјалните лица на Омск објавија дека Попова може да се врати на своето старо работно место, наведувајќи:

- Прашањето за идното вработување на Викторија е решено, таа може да одлучи да работи како наставничка или во ова училиште или во друго.

Една руска модна агенција, пак, ѝ се обрати на Викторија барајќи да ѝ се приклучи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот