Јапонија уште еднаш демонстрира дека е напредна земја. Нејзиниот најнов изум е весник направен од рециклирана и растителна хартија кој можете да го засадите откако ќе го прочитате.
Хартијата што може да се сади не е новост. Таа се наоѓа на пазарот веќе неколку години и претставува мешавина од рециклирана хартија, вода и мали семиња од растенија и
цвеќиња. И може да се користи на креативен начин: откако ќе завршите со неа, не фрлајте ја, туку искинете ја на мали парчиња, засадете ја и наводнувајте ја, па за неколку недели ќе имате растенија и цвеќиња.
Со оглед на тоа што голем дел од печатените весници не се еколошки, многу медиуми за вести одлучија да се префрлат онлајн (и затоа што интернет-медиумите допираат до публиката со многу побрзо темпо). Но, еден од најголемите дневни весници во Јапонија, сепак, смисли решение за огромната количина на отпад од хартија вклучена во печатењето на весникот.
Бидејќи постои елемент на удобност при читање печатена книга или леток, јапонскиот „Зелен весник“ е целосно изработен од рециклирана и растителна хартија што откако ќе се прочита, може да се компостира. Најдоброто од сè е дека кога ќе се засади, оваа хартија има семиња во неа од кои подоцна ќе никне растение.
Весникот ги охрабрува луѓето да го искинат откако ќе го прочитаат, да ги засадат парчињата хартија во земја и потоа да ги наводнуваат. За неколку недели ќе изникнат растенијата.
Концептот бил измислен од „Дентсу Инк“, една од најголемите рекламни агенции во Јапонија.
Иницијативата е толку популарна меѓу јавноста, што весникот генерирал 700.000 долари за своите издавачи. Со над 4 милиони примероци што циркулираат секој ден низ целата земја, јасно е дека не само што рециклирањето е корисно за животната средина, туку е и концепт што многумина можат да го поддржат.
Фото: YoshinakOno.com