Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-76, Куманово-6, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-13, Струга-7, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-10, Гевгелија-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени лица од: Скопје-68, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-15, Струга-15, Охрид-15, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-5, Свети Николе-6, Ресен-4.
Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, еден од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Кичево. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка на возраст од 67 години. Еден пациент на 62 години, кој вчера од Кичево бил донесен во тешка општа состојба во болницата во Битола веднаш бил упатен на Инфективната клиника Скопје, но за време на транспортот починал. Во ОБ Охрид е починат пациент на 86 годишна возраст. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 72 години.
Вкупната бројка на ковид - дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.332, бројката на оздравени пациенти е 4.468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.475. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3952, активни 1793
• Куманово 868, активни 200
• Дебар 153, активни 91
• Штип 463, активни 181
• Прилеп 302, активни 64
• Тетово 885, активни 290
• Струга 337, активни 163
• Велес 203, активни 33
• Битола 73, активни 30
• Охрид 227, активни 119
• Кавадарци 27, активни 19
• Гостивар 240, активни 147
• Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 8
• Радовиш 8, активни 4
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 77, активни 12
• Пробиштип 37, активни 23
• Демир Хисар 8, активни 7
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 9, активни 1
• Свети Николе 120, активни 107
• Кичево 84, активни 71
• Ресен 139, активни 75
• Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 293
• Аеродром - 147
• Бутел - 139
• Гази Баба - 199
• Центар – 144
• Карпош – 148
• Сарај – 118
• Кисела Вода – 101
• Ѓорче Петров – 108
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 80
• Арачиново – 40
• Илинден – 22
• Петровец – 20
• Чучер Сандево – 10
• Сопиште – 11
• Зелениково- 15
• Странец – 9
• Нераспределен- 80
Денеска Институтот за јавно здравје го објави неделниот извештај за периодот од 6 до 12 јули 2020 година, кој што покажува значително зголемување на бројот на оздравени лица, а намалување на бројот на починати во споредба со претходната недела.
Во периодот 6-12 јули регистриран е рекорден број на оздравени лица - 1.017 кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 404 лица или 40% повеќе од претходната недела на известување (29 јуни - 5 јули).
Изминатите три недели бројот на оздравени лица расте за околу 40% на неделно ниво.
Новозаболени се регистрирани во 26 града, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (42,3%) и во Тетово (8,9%). Во 16 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.
Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години – 22,8%, поголем број новозаболени се регистрира кај лица помеѓу 30 и 39 – 20,1%, потоа кај лица од 50 до 59 години – 19,3% и помеѓу 40 и 49 години – 18,8%. Најмал број на новозаболени има кај децата, и тоа од 0 до 9 години – 3,7%, и од 10 до 19 години – 3,3 % од вкупниот број новозаболени.
Од случаите што се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 114 лица или 11,5 %, што претставува намалување за 2% во споредба со претходната недела на известување, а кај 270 лица или кај 27,2% регистрирано е присуство на коморбидитети, што е за 2% повеќе од претходната недела.
Од вкупниот број епидемиолошки истражени новозаболени 42,6% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 22 лица имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.
Во периодот од 6 до 12 јули се регистрирани 36 смртни случаи, што е 10 помалку смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 69,4%. 35 од случаите се починати во болнички услови, а 1 надвор од болница. Кај 29 од смртните случаи (80,6%) се регистрирани претходни коморбидитети.
Целосниот извештај може да се прочита ТУКА.