X
 02.08.2018 Здравје

Првиот лек што спречува хронична мигрена, одобрен од ЕУ

Првиот лек, специјално дизајниран за спречување на мигрена, добил зелено светло од европските здравствени власти.

Се очекува дека „Еренумаб“ да биде разгледанод англиските и шкотските здравствени агенции за да се процени дали е соодветен за употреба. Производителот „Новартис“ изјави дека пциентите ќе можат да го земат лекот приватно од септември, откако Европската агенција за лекови ќе одобри лиценца за лекот за пациенти кои имаат најмалку четири мигрени во месецот.

Лекот е дизајниран за блокирање на пептидниот рецептор поврзан со капцитонинот, кој се смета дека е вклучен во активирањето на мигрената.

1
Фото: Shutterstock


Во моментов, нема лек за мигрената, иако постојат третмани со кои се олеснуваат симптомите.

„Новартис“ рече дека лекот е прв и единствен лиценциран третман специфично дизајниран за спречување на мигрената. Пациентот може да го земе сам со инјекциско пенкало.

Лекот, во испитувањата го преполовил просечниот број на денови кога пациентите страдале од мигрена во период од еден месец.

-Овој лек е првиот и единствен лиценциран третман специјално дизајниран за спречување на мигрена, демонстрирајќи ја нашата посветеност на развој на иновативни терапи иза луѓето кои живеат со тешки состојби - изјави Хасеб Ахмад, извршен директор на „Новаритс“.

-Мигрената е неверојатно болна и има симптоми што вклучуваат повраќање, визуелно нарушување и нејзината зачестеност може да го уништи животот на пациентот, па затоа е важно лекот да стане што е можно побрзо достапен за пациентите - вели Венди Томас, главен извршен директор на Фондот за мигрена.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје