Многумина ќе се согласат дека достигнувањата на Арнолд Шварценегер се неверојатни. Тој е бодибилдер, актер, претприемач, филантроп, автор и политичар. Исто така, тој беше триесет и осмиот гувернер на Калифорнија.
Во својата книга „Биди корисен: седум алатки за животот“ (Be useful: seven tools for life), Шварценегер нагласува како љубопитноста и способноста за добро слушање играат голема улога во остварувањето на целите. Тој посочува дека луѓето се добри извори на информации, но само кога ќе научите да го впивате она што ви го кажуваат, а не да пуштите информацијата да влезе низ едното уво и да излезе од другото. Кога ќе ги совладате вештините за правилно слушање, ќе станете корисни за другите и самите ќе станете квалитетен ресурс.
Арнолд го дава примерот кога го запознал бодибилдерот Винс Жиронда, кого го видел во сала како прави вежба за трицепси додека лежи. Арнолд ја испробал вежбата, која била толку ефикасна што морал да го праша Винс за неа. Со прашањата тој покажал понизност, но и му станал сојузник на Винс, кој споделил и други вредни техники со него.
Шварценегер нагласува дека поставувањата прашања за нешто што ве интересира ги зголемува шансите да ги запомните информациите и да ги поврзете со други информации на слична тема. Така информациите стануваат уште покорисни кога ќе дојде време да ги поврзете со нови.
Арнолд мудро заклучува дека иако постојат некои околности што не можете да ги промените, има и други што можете. Ако сте љубопитни и впивате како сунѓер, можете да го искористите стекнатото знаење за да изградите сопствена визија.
Извор:
Idesh
Насловна фотографија:
Wikipedia