X
 03.09.2018 Живот

Вистинската приказна за Силвестер Сталоне

Силвестер Сталоне е роден во сиромашна фамилија во Њујорк. Неговата фамилија била толку сиромашна, што мајка му го родила на училишниот праг. Несреќата при породувањето му оштетила еден нерв на лицето, оставајќи парализиран дел од устата, јазикот и вилицата. Како последица на тоа, имал нејасен изговор и спуштена долна усна. И покрај ограничувањата, Сталоне имал кристално чиста намера, да стане глумец. Тоа не била само обична желба, туку целосно уверување дека ќе стане голема филмска ѕвезда, па немилосрдно се трудел да ја оствари.

Приказната што следува му ја раскажал  Сталоне на еден свој пријател, а тој подоцна ја прераскажал на еден од своите семинари.

Приказната почнува вака...

Сталоне од почетокот знаеше што сака да работи и што сака да биде. Знаеше дека ќе биде во филмската индустрија, и точка. Не само на ТВ, туку и на филмското платно. Сакаше да ги инспирира луѓето, не поради тоа што беше популарен, туку навистина да ги инспирира и да увидат за што се способни, за да можат да ги совладаат животните препреки. Бидејќи во својот живот и самиот го направил тоа.

Цело време се обидуваше да најде работа во филмскиот бизнис и не го повикаа веднаш и не му рекоа дека е ѕвезда и дека може да глуми. Воопшто не беше така.

Го гледаа и му кажуваа дека изгледа како идиот и дека треба да работи нешто друго... „нема место за тебе, никогаш нема да бидеш ѕвезда во филмовите, никој нема да сака да гледа некој што изгледа толку глупаво и зборува само со едната страна на устата“. Добиваше само „не“. Секаде го одбиваа. Во таа пригода рече: „Бев исфрлен повеќе од 30 пати од секоја агенција. Доаѓав во 4 часот наутро. Секој ден истото“. И најпосле ја доби својата прва улога, глумеше ограбувач кој беше претепан за 20 секунди. Сними 3 такви филма. Никогаш не добиваше голема улога. Одбивање, одбивање и одбивање. И конечно сфатил дека така повеќе не бидува. Го променил својот пристап. Рече: „Умирав за јадење, немав пари ни за греење во мојот стан, жена ми секој ден ми зборуваше да најдам вистинска работа“.

Овде другар му го прашал: „Па зошто не најде вистинска работа?“

Сталоне му одговорил: - Бидејќи знаев дека ако пронајдам работа, нема да бидам повеќе гладен и ќе се смирам. Ова беше единствениот начин за да ги срушам сите мостови зад себе за да не можам да се вратам назад. Кога би нашол работа, би влегол во ритам каде што би имал сигурност од таа работа и би ја изгубил мојата желба за глумење. Сакав да ја држам таа несигурност, таа беше мојата единствена предност. Мојата жена не можеше да го разбере тоа. Многу се расправавме со неа, бев без пари, беше ладно. Очај! Еден ден отидов во библиотеката, не сакав да читам ништо само сакав да се стоплам. Седев така на столчето и некој остави една книга на масата. Фрлив поглед кон неа, беа тоа некои приказни. Почнав да читам, и сѐ ми стана јасно. Таа книга ме извлече, ме наведе да помислам дека можам да им влијаам на другите луѓе, да ги допрам, да не мислам само на себе. Можеби и да станам писател, си помислив. Се обидував да напишам неколку сценарија, но ништо не успеваше, бев без скршена пара. И конечно еден ден продадов едно сценарио за 100 долари. Меѓутоа, парите ги потрошив брзо, дури и го продадов накитот на жена ми. Има работи што никогаш не треба да ги направите во животот. Тоа беше крај на нашата врска. Толку бев пропаднат, немавме пари, немавме храна. Немавме ништо.

Нешто што најмногу го сакав во животот беше моето куче. Го сакав бидејќи постојано ми даваше љубов и радост (за разлика од мојата жена). Но бев толку на дното што не можев ни него да го хранам. Отидов до продавницата за алкохол, беше тоа најтажниот ден во мојот живот. Стоев пред продавницата и се обидував да им го продадам моето куче на непознати луѓе. Да го продадам за 50 долари. И еден човек сакаше да го купи. Преговаравме долго и на крајот му го продадов за 25 долари. Кога си заминав оттаму, плачев. Тоа беше најлошата работа во мојот живот.

Две недели подоцна гледав борба помеѓу Мухамед Али и некој белец (не се сеќавам на името). Белецот добиваше премногу ќотек, но и понатаму продолжуваше да се бори! И ми дојде идеја!

Веднаш по завршувањето на бокс-мечот почнав да пишувам сценарио. Пишував цели 20 часа, не спиев. Целиот филм го напишав за 20 часа. На крајот целиот се тресев, бев возбуден. Знаев што сакам и знаев зошто го сакам тоа. Требаше само да го реализирам. Тргнав со намера да им го продадам сценариото на агенциите. Но тие читаа и велеа: - Ова е смешно и предвидливо (ги запишав сите нивни коментари и ги прочитав на доделувањето на „Оскарите“. Најголема одмазда беше големиот успех). Се обидував да го продадам сценариото, но никој не го сакаше. Конечно наидов на луѓе што го прочитаа и го засакаа. Ми понудија 125.000 долари за него. Им реков: „Се шегувате со мене? Ок, ќе ви го продадам само под еден услов, да ја добијам главната улога во филмот“. Тогаш ми рекоа: „Што зборуваш, па ти си писател, а не глумец“. „Глумец-Писател-Глумец. Тоа е мојата приказна и јас сум Роки и морам да ја имам главната улога“.


- Нема шанси, нема да ти платиме 125.000 долари за да играш во некој филм, тоа е фрлање пари. Сакаа Рајан О'Нил да го игра Роки. Сталоне зборуваше дека тој е Роки, но тие не сакаа. И тогаш збеснал и рекол: „Ако не сакате, не морате, и тргнал накај вратата“.

Тука има човек кој му нуди 125.000 долари за сценарио, а тој одбива и покрај бедата во која се наоѓа. Огромна верба во себе и визија. Знаеше колку вреди. Му понудија 250.000 долари, но не и главната улога. Ги одби повторно. Последната понуда беше 325.000 долари. Го сакаа тоа сценарио. Тогаш тој им рече: „Нема шанси!“

Конечно се договорија за 35.000 долари и главната улога. Снимија филм со мал буџет, не веруваа дека ќе успее. Не сакаа да трошат премногу пари на него. Вложија околу 1 милион долари во филмот и на крајот заработија 200 милиони!!!

Што направи со тие 35.000 долари?
- Прво што направив отидов до продавницата за алкохол и цел ден стоев пред неа надевајќи се дека ќе го сретнам човекот што го купи моето куче. Сакав да си го откупам.

Што се случи?
-Третиот ден конечно човекот дојде. Го видов и не можев да поверувам...еве го моето куче! Го погледнав и му реков: „Господине, дали се сеќавате на мене? Помина еден и пол месец откако ви го продадов моето куче. Тогаш бев без пари и умирав од глад, но тој е мојот најдобар пријател, сигурно и вие го сакате, но би сакам да го откупам назад. Вие ми дадовте 25 долари, а јас ќе ви дадам 100 за него. Тој ми одговори: „Нема шанси, тоа е мое куче сега и не можете да го купите“.

И го променив мојот пристап, па му понудив 500 долари.
Тој ми рече дека нема шанси!
„Ок, тогаш 1.000 долари“.
„Нема шанси да го откупиш“, ми рече.
Знаев што треба да направам, па ја презедов работата во мои раце и на крајот го добив своето куче назад!
„Ме чинеше 15.000 долари и улога во филмот 'Роки‚“.

Соништата никогаш не умираат - умираат само тие што ги сонуваат.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот