X
 10.11.2015 Здравје

Како изгледа мозокот за време на физичко вежбање?

Постојат програми за вежбање на мозокот за подобрување на меморијата и зголемување на вниманието и фокусираноста. Сигурно сте виделе програми и интернет-страници кои се создадени за подобрување на когнитивните способности, а можеби сте и дел од некоја.


Овие програми можеби се ефикасни, но повеќе истражувања покажуваат дека физичкото вежбање, наместо менталното, може значајно да ги подобри човековите когнитивни способности, од детството до староста.

Меѓу другото, физичкото вежбање се докажало како позитивно за концентрацијата кај децата, помнењето кај постарите лица и го успорува намалувањето на мозокот, што се случува природно со годините.

Имено, вежбањето го предизвикува создавањето на протеин кој помага во развивањето на постоечките мозочни клетки и создавањето нови.

Можеби се прашувате за вистинската доза вежбање за вашиот мозок? Науката не може да се договори во врска со ова, но ново истражување покажува дека малку вежбање може да даде позитивни резултати. Дури и 20-25 минути пешачење неделно може да биде добро за мозокот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје