X
 03.05.2017 Култура

Психолошките типови според Карл Густав Јунг

Термините екстровертен и интровертен одамна се влезени во секојдневниот говор, првиот означувајќи личност која е друштвена, непосредна, отворена и која лесно склопува контакти и вториот означувајќи личност која затворена, молчелива, свртена кон внатрешниот свет и која реагира одмерено и бавно.

За да внесе некаков ред во проучувањето на безбројните варијации на човековата природа, Јунг ја развил својата теорија за психолошките типови. Според него многу е тешко една интровертна и една екстровертна личност да се сложат во секојдневниот живот, и многу неусогласувања можат коренот на проблемот да го најдат токму овде.

Јунговската типологија се заснова на спротивности и зема во обзир критериуми на прилагодување на субјектот кон објектот, како и основни психички функции. Постојат два различни типа на прилагодливост кон светот: екстраверзија и интроверзија, а од основните психички функции, две се рационални – мислење и чувствување и две ирационални – сензибилитетот и интуицијата.

Екстраверзија и интроверзија

Пред сѐ треба да се истакне дека екстраверзијата и интроверзијата не се карактерни особини туку механизми на делување кон надворешниот свет. Јунг исто така верува дека изборот на типот на личноста не е работа на свесната волја на човекот. Постојат семејства во кои многу рано едно дете покажува склоност кон екстраверзија, а другото кон интроверзија за истиот мајчински однос. Затоа што станува збор за несвесен и ненамерен став, Јунг смета дека овој феномен своето постоење го должи на несвесни, инстинктивни причини.

Двата типа имаат основа во два природни и различни начини на прилагодување на единката на надворешните услови. Притоа, двата начина се делотворни и ја остваруваат својата цел. На прашањето зошто одреден човек се прилагодува на надворешниот свет на еден, а друг на друг начин, може да се одговори дека тоа зависи од личното поставување – едноставно за некои е посоодветно да заземат еден став кон светот од двата кои се можни.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура