X
 03.05.2020 Живот

Градови низ светот што се лидери кон позелена иднина

Новообјавената листа со најзелени градови во светот има цел да обезбеди насоки за градовите што имаат спроведено најдобри практики за урбан дизајн во свет пост-Ковид-19.

Компанијата „Резонанс консалтанси“ ја искористи својата методологија за најдобри градови за да открие кои градови се лидери кон позелена иднина.

1. Виена

1

Виена е еден од најзелените големи градови во светот и има многу нови идеи за мобилност и јавни паркови. Исто така, тоа е европски репер за јавен превоз, при што речиси половина од населението на градот има годишен транзит-билет.

2. Минхен

2

Минхен е град совршен за луѓето што не користат автомобил и кои сакаат да пешачат, а има и завиден јавен превоз. Неодамнешните инвестиции во инфраструктурата за мобилност, како системот за брз транзит „У-Бан“, ќе го намалат бројот на автомобилите, а градот има и најквалитетен воздух.

3. Берлин

berlin

Берлин има изобилство на отворени, јавни места и градски паркови, и е создаден за луѓето низ него да се движат пешки. Исто така, граѓаните се неверојатно свесни за нивното влијание врз планетата, користејќи најмалку вода по глава на жител во Европа и исклучиво користат јавен превоз.

4. Мадрид

4

Мадрид има доста зелен простор во своето градско јадро и е совршен за пешаци. Неодамнешните големи буџетски проекти вклучуваат изградба на централниот булевар „Гран Виа“ за тој да биде далеку побезбеден и пријатен за прошетка.

5. Сао Пауло

5

Сао Пауло има огромни енергетски потреби, но е меѓу најголемите корисници на обновлива енергија на глобално ниво. Ова делумно се припишува на храната што ја создаваат големите италијански, јапонски и арапски заедници во градот. Градот има огромни зелени површини како паркот „Ибирапуера“.

6. Манчестер

6

Манчестер е рамен и компактен, и совршен за пешаците со фасцинантен уличен пејзаж што ги спојува историјата и уметноста. Јавниот превоз го користи поголемиот дел од населението, а кулинарската гордост на градот е одговорна за многу пазари на земјоделци и очигледната посветеност кон безбедноста на храната.

7. Лисабон

7

Лисабон е тактилно, мултисензорно искуство што најдобро се истражува пеш без одредена агенда. Има многу зелени површини и некои од најголемите пазари на земјоделци во Европа, како и амбициозни програми за рециклирање.

8. Сингапур

9

Сингапур не е задоволен само со создавање зелени површини поради естетски причини. Градските власти ги претвораат овие огромни паркови во „терапевтски градини“ наменети за постари лица.

9. Амстердам

amsterdam

Амстердам отсекогаш бил град што нуди уникатно истражување пешки или со велосипед. Неговиот систем на јавен превоз вклучува чамци, што додава кон неговата привлечност и за локалното население и за жителите.

10. Вашингтон

10

Вашингтон отсекогаш бил потценета зелена оаза која изобилува со јавни плоштади и паркови. Има многу пазари на земјоделци, многу паркови и јавно зеленило.

Целосната листа со зелени градови можете да ја погледнете ТУКА.

Извор: Lonely Planet
Фото: Pixabay |  Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот