Истражувањето за годишна демографија за меѓународно домување ги објави резултатите за најскапите градови за живеење во светот за 2019 година.
Истражувањето анализирало 309 пазари на недвижности (и 91 главен пазар со население над еден милион) во осум земји: Австралија, Канада, Хонг Конг, Ирска, Нов Зеланд, Сингапур, Обединетото Кралство и САД.
За да го реализира рангирањето, истражувањето ги искористило податоците од третиот квартал од 2018 година, користејќи ја просечната цена на куќа поделена со просечниот приход на домаќинството.
Истражувањето покажало дека повеќето пазари за домови што не може секој да си ги дозволи во моментов се наоѓаат во Австралија, Нов Зеланд и во Кина.
Фото: Shutterstock
Ова се најскапите
градови за живеење во целиот свет за 2019 година:
10. Сан Франциско, Калифорнија, САД
9. Оукленд, Нов Зеланд
8. Тауранга, Западен Залив Пленти, Нов Зеланд
7. Лос Анџелес, Калифорнија, САД
6. Сан Хозе, Калифорнија, САД
5. Санта Круз, Калифорнија, САД
4. Мелбурн, Австралија
3. Сиднеј, Австралија
2. Ванкувер, Канада
1. Хонг Конг, Кина