X
 03.12.2023 Здравје

Нов вид вакцини може да ги елиминираат иглите

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ инвестира 23,6 милиони долари во американската биотехнолошка компанија „Микрон биомедијал“ за развој на вид вакцини без употреба на инјекции.

Новата технологија се базира на примена на вакцини со фластери со растворливи микроиглички. Технологијата долго време ја поддржуваат глобалните здравствени експерти поради нејзиниот потенцијал да го зголеми опфатот со вакцинација против смртоносни болести. Ваквите вакцини се полесни за транспорт и користење од традиционалните вакцини, особено во посиромашните земји, каде што вакцинирањето на децата останува предизвик. Сепак, зголемувањето на производството е пречка.

Во тест-вакцинација на возрасни и новороденчиња во Гамбија оваа година, технологијата за вакцина против сипаници и рубеола на компанијата се покажа како безбедна и ефикасна како и традиционалната вакцина и произведе сличен имунолошки одговор.

Технологијата може да помогне да се отстранат клучните бариери за искоренувањето на сипаниците и рубеолата на глобално ниво, вели Џејмс Гудсон, научник во одделот за имунизација во американскиот Центар за контрола и превенција на болести, партнерска институција на компанијата.

Освен тоа, вакцината ја елиминира потребата од ладилници за време на транспортот, а примената не бара здравствен работник. Може да им помогне и на оние што имаат страв од игли. Финансирањето ќе овозможи развој на производство на десет милиони фластери годишно за поголеми клинички испитувања и поширока употреба.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје