Веќе незаменливиот „Мајнкрафт“ наскоро ќе стане уште понеопходен - и тоа не само поради претстојниот игран филм (2025) со Џек Блек и Џејсон Момоа во главните улоги. Имено, оваа генијална креација на Маркус (Нотч) Персон во догледно време ќе биде претворена и во анимирана серија која ќе ја креираат „Нетфликс“, „Моџанг студио“ и шведското студио за анимација „Вајлд брејн“.
Иако „Нетфликс“ ветува оригинална приказна која треба да фрли нова светлина на светот на Мајнкрафт, дали тоа навистина ќе биде така, останува да видиме.
Сепак, со оглед на тоа дека се работи за најпродаваната игра во историјата (повеќе од 300 милиони продадени копии) и најпопуларниот стриминг-сервис во светот, некако се премолчува фактот дека серијата ќе се покаже барем како профитабилна.
Извор: bug.hr
Фото: YouTube screenshot