X
 21.05.2020 Живот

Лани во Македонија најмногу се мажеле и женеле во август, најмалку во февруари

13.814 брака биле склучени во 2019 година, што е за 2.4 отсто повеќе од претходната година, велат податоците на Државниот завод за статистика објавени денес. Најмногу бракови, 1.747 или 12.6 %, се склучени во месец август, а најмалку (809 или 5.9 отсто) во февруари. Најмногу бракови се склучени на возраст од 25 до 29 години, и кај мажите (5159) и кај жените (4563). 


Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.3 % за жените и 92.1 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.4 % и трет брак со учество 0.6 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 26.9 години за невестата и 29.7 години за младоженецот.

Бројот на разводите во 2019 година бележи зголемување од 22.8 % во споредба со 2018 година и изнесува 1.990 разведени бракови.
Во текот на 2019 година, најмалку бракови, односно 43 или 2.2 % се разведени во месец август , а најмногу, т.е. 244 или 12.3 % во месец ноември.

Според траењето на бракот, најголемиот број разводи, односно 430 или 21.6 % се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

По општини, најмногу бракови се склучени во: Тетово (761), Куманово (703), Гостивар (678), Битола (505), Чаир (500), Аеродром и Гази Баба (424), Сарај (404).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот